Оддадена почит на загинатите припадници на Армијата во Вејце

Денеска на спомен обележјето пред Баталјонот за специјални намени во касарната ,,Илинден” во Скопје беше оддадена почит кон загинатите припадници на Армијата кои своите животи ги загубија на денешен ден 28.04.2001 година во реонот на село Вејце.

Во чест на загинатите припадници на Армијата – постар водник Роберт Петковски, водник Миле Јаневски, водник Бобан Трајковски, водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ.

Во знак на почит кон своите поранешни колеги почит оддадоа и од останатите единици на Армијата.

Нека им е вечна слава!

Видео на денот