Одбраната од ,,Монструм” ќе врши увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Одбраната и обвинетите во случајот ,,Монструм” денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон. Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните.

Претставникот од Одделението за дигитална форензика, при својот исказ во судот ја објасни постапката како се врши анализа на мобилните телефони.

Постојат случаји кога софтверите не нудат поддршка за екстракирање на одреден телефон. Подготовката на овој извештај почна на 24 октомври 2019 и траеше до февруари 2020, рече тој.

Техничката неисправност кај дел од мобилните телефоните биле недостаток на батерија, неможност за поврзување со компјутер, нефункционална батерија и слично.

Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот