Одбраната на обвинет во „Титаник 3“ бара изземање на обвинителите од СЈО

титаник 3

Еленко Миланов, адвокатот на Исмет Гури обвинет во предметот на СЈО познат под името „Титаник 3“ побара изземање на шефицата на СЈО, Катица Јанева и на нејзините колеги во овој случај, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Причината според него за ваквото барање е конфронтацијата меѓу шефицата Јанева и останатите обвинители.

– Поднесувам предлог за изземање на Катица Јанева и на нејзините помошници денес присутни во судница, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Од причина што очигледно е дека од минатата главна расправа работите во ова обвинителство се измените, па според тоа што го видовме во медиумите постои директна конфротација меѓу обвинителите од СЈО, постојат конфликти, напади помеѓу овластениот тужител и помошниците од СЈО, па во таа насока предлагам постапката за овој случај да биде прекинета до произнесување за побараното изземање – рече адвокатот Миланов.

Овој предмет е пред самиот финиш. Во него бвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се обвинети дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот