Одбраната на Боки 13 ги предложи Сергеј Варошлија и сопругот на Ременски за сведоци

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За следните рочиште одбраната како сведоци ги има предложено Сергеј Варошлија, сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, Дејан Панделески и други кои треба да ги обезбеди.

Судечкиот совет не го прифати предлогот за укинување на притворот на обвинетиот Бојан Јовановски, во случајот “Рекет” и го одби како неоснован. Судијката Васка Николовска Масевска  рече дека се уште опстојуваат причините за определување на мерката притвор и дека здравствената помош може да му се укажува и во затвор.

Бизнисменот Владимир Тодоровиќ, кој денеска требаше да сведочи во процесот „Рекет“ вчера го известил судот дека поради итни службени обврски во Бугарија извесен период нема да е во можност да се појави во судница.

Вториот сведок Лидија Јаневска исто така не дојде на судење, поради, како што рече судечкиот судија неуредна достава на покана.

По однос на барањето на Бојан Јовановски за замена на затворскиот притвор со друга алтернативна мерка, судечкиот совет денес извести дека одлучил обвинетиот Јовановски и понатаму да остане во притвор.

Според судот мерката притвор му била пред 15 дена потврдена и продолжена и од скопскиот Апелационен суд, а не била во поголема мерка и здравствената состојба на Боки 13.

За следните рочиште одбраната како сведоци ги има предложено Сергеј Варошлија, сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, Дејан Панделески и други кои треба да ги обезбеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот