Одборот за вонредни ситуации во Букурешт воведе нови ограничувачки мерки

Фото: Архива на „Слободен печат“

Откако констатира дека во градот има повеќе од троца заразени на 100 жители Одборот за вонредни состојби во Букурешт од утре на полноќ прогласи забрана за работа на рестораните и кафулињата во затворен простор и забрана за изнајмување сметување.

Според одлуката на одборот, дозволено е да се подготвуваат, продаваат и консумираат храна и алкохолни и безалкохолни пијалоци во градините и на терасите на рестораните, како и во објекти кои имаат само еден ѕид и таван и каде што е можно растојание од два метра меѓу масите, на кои е дозволено да седат најмногу шест гости доколку не се од исто семејство.

И натаму остануваат во сила сите здравствени мерки што претходно ги објави Министерството за економија, претприемништво и туризам, заедно со претседателот на Националната комисија за безбедност на храна, санитарни услови и ветеринарна медицина, пренесе националната агенција Аџерпрес.

Новите мерки забрануваат работа на барови, ноќни клубови, дискотеки, казина, кина, театри и концертни сали, како и организација на настапи, концерти, јавни и приватни фестивали и други културни настани на отворено.  Секое лице постаро од пет години задолжително мора да носи заштитна маска на јавно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот