Одбор на руската Дума одобри нацрт-закон за велепредавство

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Одборот за државни прашања и законодавство на руската Дума одобри нацрт-закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминување на непријателска страна за време на војна во која учествува Русија, соопшти денеска Думата.

„Со оглед на фактот дека измените во законските прописи во оваа сфера се насочени кон безбедноста на Руската Федерација и зачувувањето на уставниот поредок, Одборот за државни прашања и законодавство на руската Дума го одобрува концептот на нацрт-федералниот закон и препорачува Думата да го прифати”, се наведува во соопштението, пренесено од Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот