Одбојкарскиот „Меси“ заслужено ја доби наградата МВП! (ФОТО)

cev.eu

Одбојкарите на Србија се шампиони на Европа, во финалето на континенталниот собир во Париз со резултат 3:1 ја совладаа Словенија.

Најдобрата српска репрезентација одигра едно фантастично Европско првенство, а еден од најзаслужните на патот до трофејот беше Урош Ковачевиќ.

Примачот на селекцијата кој им направи многу проблеми на Словенците, после Александар Атанасијевиќ, беше најдобар стрелец со 22 поени, но севкупно имаше еден одличен турнир.

cev.eu

– Ова еднаш веќе сум го почувствувал, но бев на клупата. Сега е многу поубаво. Горд сум на играчите, на државата, ова е неверојатно искуство за сите нас. Никој ова не го очекуваше, а ние тоа го направивме. Словенија почна добро, пред својата публика. Нападнаа со своите сервиси, во вториот сет игравме поен по поенм фативме ритам…Победа е…Не можам да кажам лесно, но го подигнувавме нивото на играта од сет во сет – рече Ковачевиќ.

После завршувањето на финалната битка, на Ковачевиќ му беше врачена наградата за најкорисен играч на ЕП (МВП).

Ја започна кариерата во Рибница од Краљево, од каде замина во Љубљана. Потоа, во 2012 година прави трансфер во Модена, а три години подоцна потпишува за Верона, неговиот сегашен клуб. Со репрезентацијата на Србија беше европски одбојкарски шампион и во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот