Одбојкарките поразени на стартот од Медитеранските игри

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Женската репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Медитеранските игри што се играат во Оран, Алжир. Одбојкарките во првото коло загубија од Египет со 1:3 во сетови и тоа (20-25, 25-11, 19-25 и 23-25).

Отсуството од настапи на големи натпреварувања на македонските одбокарки „донесе грч“ во играта и негатива од 1:13 со што беше јасно кој ќе го освои првиот сет. Но, во вториот сет, македонските одбојкарки одиграа фантастично и возвратија со слична мерка, триумфираа со 25:11 и израмнија на 1:1 во сетови.

Во третиот сет,одбојкарките на Египет во неизвесната завршница беа подобри и го добија сетот со 25:19, а неизвесно беше и во четвриот во кој повторно Египќанките беа подобри и дојдоа до 25:23 за триумф од 3:1 во сетови. Најдобра во редовите кај Македонија беа Теа Терзиевска со 19 освоени поени.

Во второто коло што се игра утре, Македонија игра против Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот