Одбојкарките на Србија ја одбранија европската титула

фото: cev.eu

Женската одбојкарска репрезентација на Србија останува на европскиот врв откако во Анкара ја совладаа домашната репрезентацијата во финалето на ЕШ со 3:2 во сетови и со 21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13.
Ова е третата европска титула на Србија откако претходно славеа и во 2011 и во 2017 година. Исто така, женската репрезентација на Србија е и актуелен светски шампион.

Српските одбојкарки подобро го започнаа финалето, создадоа предност од три поени (9:6), но носени од публиката во салата во Анката, турските одбојкарки направија серија од 7:0 со која успеаја да направат пресврт и да дојдат до првиот сет.

Во вториот сет, повторно контролата врз резултатот ја имаа Србинките кои сега не дозволија пад во играта и успеаја да израмнат на 1:1 во сетови.
Во наредните два сета и Србија и Турција освоија по еден по што европскиот шампион мораше да се одлучува во златниот петти сет.

Во него, подобро отворија Турчинклите кои ги искористија грешпките на Тијана Бошковиќ за предност од 7:9 но по замената на коректорот и техничарот, Србија се врати во игра, правејќи серија од 4:0 за 11:9 и предноста од два поени умешно ја одржуваше до крајот на мечот за победа од 15:13 и останување на европскиот одбојкарски врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот