Одбојкарите со максимални три победи на турнирот во Данска

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска во последното трето коло на турнирот Данска кој се игра во рамки на Европската сребрена лига го совлада Кипар со 3:1 (25:22, 25:18, 18:25, 25:22).

Одбојкарите ја потврдија фаворитската улога против Кипар и со три победи на турнирот во Шлагелсе, а вкупно пет во шест натпревари, го освоија првото место во својата група.
Селекторот Матијашевиќ одлучи да не ризикува и го остави Милев на клупата, и во првиот сет одлулувачка беше подобрата игра во финишот за 25.22.. Во вториот уште еднаш до израз дојде квалитетот на македонските одбојкари кои славеа со 25:18. Во третиот сет дојде до опуштање на избраниците на Матијашевиќ и тоа го искористи противникот за да го освои сетот со идентични 18:25. Во четвртиот сет повторно на рутина, Македонија ја заврши работата со 25:22.

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 26 поени беше наш лидер на теренот, Љафтов заврши со 11, а двоцифрен беше и Маџунков со 10.
Наредниот викенд во салата „Парк“ во Струмица ќе се одигра завршниот турнир во Европската сребрена лига, а Македонија во полуфиналето ја очекува дуел со Хрватска, додека во второто полуфинале ќе играат Унгарија – Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот