Одбојкарите повторно поразени од Романија

Македонската одбојкарска репрезентација со два порази го заврши двомечот со Романија. За разлика од првиот натпревар кој беше решен во три сета, на вториот се играа максимални пет сетови. На крајот победи Романија иако избраниците на селекторот Матијашевиќ водеа со 2:0 во сетови но на крајот загубија со 23:25, 20:25, 25:18, 25:10, 15:12.

За разлика од вчерашниот тест дуел, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ одиграа поквалитетно и отворија со 25:23 во првиот и со 25:20 во вториот сет. Потоа противникот направи пресврт со 25:18, 25:10 и со 15:12 во решавачкиот петти сет. На денешниот натпревар улогата на техничар му припадна на Ѓорѓи Ѓорѓиев.

По едномесечните подготовки во Маврово, овој двомеч беше прва проверка на формата на црвено-жолтите во престет на учеството на Европското првенство во септември, прво за нас во одбојкарската истирија.

До дебито со Финска во салата „Стожице“ во Љубљана на 12. септември,одбојкарите ќе одиграат шест пријателски средби. Наредниот викенд во Скопје против Шведска, потоа на 30. и на 31. август е закажан традиционалниот турнир „Чајка“ на којшто ќе учествуваат Белгија, Бугарија и Украина, а на шести и на седми септември последната контрола нашите одбојкари ќе ја имаат во Сент Полтен на двомеч со Австрија. Покрај Финска, на премиерниот настап на еврошампионатите, противници ќе ни бидат и Турција, Русија, Белорусија и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот