Одбојкарите поразени на првата контрола со Романија

фото: ОФМ

Македонската одбојкарска репрезентација е поразена од селекцијата на Романија со 3:0 (25:17, 25:20, 25:22) во првиот од предвидените двата пријателски натпревари кои ќе се играат во Крајова.

Со натпреварот против Романија, одбојкарите ја започнаа втората фаза од подоготвките пред историскиот настап на Европското првенство, а тоа е брусење на формата преку контролни натпревари.

Поразот од Романија се должи на едномесечните подготовки во Маврово каде се работеше на работеше на физичката подготовка.

Во договор на селекторите, имаше и четврти сет, а и во него Романците беа подобри со 25:17. Вториот натпревар ќе се игра, по што македонскиот состав ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките за дебитантскиот настап на европските првенства, во септември во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот