Одбојкарите од денеска во Скопје се подготвуваат за Европската сребрена лига

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарите ги одработуваат последните тренинзи пред настапот во Европската сребрена лига. На единствените две контроли, Македонија оствари половичен учинок, победа и пораз против Албанија.

Одбојкарската репрезентација на Македонија двонеделните подготовки во Маврово ги заврши со два контролни натпревари со селекцијата на Албанија и од денеска тренинзите ги продолжуваат во Скопје, пред настапот во Европската сребрена лига која стартува со дуелот со Босна и Херцеговина на 25 мај.

Одбојкарите остварија половичен успех на котролните средби со Албанија, на првиот натпревар славеа со 3:1, а на вториот загубија со 0:3 во сетови.

За селекторот на одбојкарите, Ратко Павличевиќ резултатот не беше во прв план бидејќи дуелите со Албанија беа први по двонеделните подготовки.

– Одигравме два натпревари на кои остваривме една победа и еден пораз. Позитивно од дуелите со Албанија е тоа што ги проверивме сите одбојкари што работеа во Маврово и добив увид во формата во која се наоѓаат – вели Павличевиќ.

Македонија се наоѓа во група со БиХ, Романија и Албанија, а првото коло ќе се игра на 25 мај.

Одбојкарите на стартот ќе ја пречекаат селекцијата на БиХ, по што ќе следува гостувањето кај Романија. Потоа избраниците на Павличевиќ ќе одиграат два натпревари против Албанија, а во последните две кола Македонија прво ќе ја пречека Романија, а потоа ќе гостува во БиХ. Пласман на завршниот турнир што на 18 и 19 јуни ќе се игра во Унгарија, ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

– Прикажаната игра на дуелите со Албанија не беше лоша, но мора да биде подобра на натпреварите во Европската сребрена лига. На последните тренизни пред стартот на натпреварувањето ќе ја брусиме формата и очекувам токму кога ќе биде најпотребно, одбојкарите да ја прикажат најдобрата игра – додава Павличевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот