Одбојкарите комплетни, пристигна и Деспотовски

фото: ОФМ

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска е комплетна откако на подготовките се приклучи Филип Деспотовски.

Лекарскиот тим на репрезентацијата е убеден дека Филип Маџунков комплетно ќе ја санира повредата на коленото, средниот блокер повеќе не чувствува болки, но нема да тренира максимално поради претпазливост, а очекувањата се дека на терен може да се врати на пријателските натпревари со Бугарија.

По двата предновогодишни пораза од реномираниот состав во Скопје, македонските одбојкари ќе имаат уште еден двомеч со Бугарија за кревање на формата пред учеството во квалификациите за Европското првенство годинава. Исто како и неговиот македонски колега Матијашевиќ, бугарскиот селектор Пранди за претстојните контролни натпревари би трбало да располага со сите репрезентативци, меѓу нив и со најголемата ѕвезда на бугарската одбојка, коректорот Цветан Соколов, како и со првиот техничар Георги Сеганов.

Квалификациите за ЕП 2021 ќе се играат 11. до 16. јануари во арената „Бoрис Трајковски“ во Скопје, а пласман на континенталниот собир потребно е одбојкарите да го освојат првото место во конкуренција со Турција и на БиХ. Реална можност постои и со второто место, но со што повеќе победи и бодови на наша страна.

Без разлика што е 14. репрезентација според ФИВБ ранг листата, Бугарија исто така ќе игра квалификации, а нејзини противници се Австрија и Израел. Доколку Бугарите ја потврдат фаворитската улога на турнирот во Израел, тогаш може да се очекува дека второпласираната селекција од нивната група нема да има подобар вкупен биланс од нас доколку завршиме втори, а тоа значи дека во таков случај вратата за собирот во септември ќе ни биде отворена уште повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот