Одбојкарите ќе собираат искуство против европскиот шампион

фото: ОФМ

По двата порази од репрезнетациите преку кои се бараше првиот триумф, Финска и Турција, одбојкарската репрезентација на Македонија, денеска (17.30 ч.) на Европското првенство игра против европскиот шампион и прв фаворит за титулата, Русија.

Токму поради тоа, одбојкарите денеска против силната Русија ќе играат за свој ќеф но и ќе собираат искуство во дуелите со една од најсилните репрезентации на светот, што претставува дополнителна мотивација за одбојкарите да се прикажат во најдобро светло.

– Ние треба да ја одиграменашата игра, она што можеме, а за Русија нека мислат Американците и другите коишто се на нивно ниво – вели техничарот во нашата репрезентација, Филип Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот