Одбојкарите двапати ќе тестираат со европскиот шампион Србија

epa08942519 PLayers of North Macedonia celebrate winning after the CEV EuroVolley 2021, Pool C, tournament 2, qualification volleyball match between North Macedonia and Turkey in Skopje, Republic of North Macedonia, 16 January 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во подготвителниот период за настап во Европската сребрена лига, македонските одбојкари ќе одиграат два контролни натпревари со актуелниот европски шампион Србија. Првиот тест натпревар со Србија е утре од 17.00 часот, а вториот е закажан со почеток во 19.00 часот.

На првиот тест дуел во Врњачка бања в четврток, како и на вториот во Велико Градиште в петок, селекторот Никола Матијашевиќ ќе настапи со 15 репрезентативци.

Стандардно на позицијата техничар ќе бидат Филип Деспотовски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Стојче Арсов ќе му биде замена на капитенот Никола Ѓорѓиев како втор коректор, средни блокери се Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков и Филип Савовски, либера Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев, а примачи Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов.

Од играчите кои се на списокот со 12 репрезентативци и тренираа во Струмица од собирот на трети овој месец, ги нема Иван Андонов, Филип Николовски, Стефан Алексов, Ефтим Ричлиев и Филип Лепидовски.

Во споредба со јануарските квалификации на коишто македонскиот национален тим избори второ учество на европските првенства, во насока на најтесниот круг за ротација, единствена промена е Костадин Ричлиев на местото на Филип Николовски.

Одбојкарите го започнаа нападот на златото во „Европската сребрена лига“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот