Одбојкарите „бронзени“ на Балканското првенство

vfmkd.mk

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај).

Ова е најголем успех на македонската одбојка во младинските возрасни категории, затоа што е прв медал од Балканијадите во која било конкуренција.

„Црвено-жолтиот“ национален состав за одбојкари родени 2001-ва и помлади, турнирот во Урошевац (Феризај) го заврши со биланс од три победи и два пораза.

Овој резултат е убаво продолжување на успешната година на македонската одбојка, којашто во септември првпат ќе настапи на сениорски Европско првенство во машка конкуренција.

За нашата селекција на Балканијадите во Косово настапија: Гент Вела, Тино Шулајковски, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Аган Рустеми, Лука Костиќ, Никола Младеновски, Димитар Илиевски, Бојан Џамбазов, Давид Стојанов и Стојче Арсов. Стручниот штаб го сочинуваа селекторот Ванче Санев и асистентите Игор Апел и Благој Тасев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот