ОДБИЕНА ЖАЛБАТА: Платини останува надвор од фудбалот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ја одби жалбата на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој е суспендиран на четири години поради примање мито.

Платини е суспендиран од фудбалот бидејќи примил мито од Светската фудбалска федерација (ФИФА) во висина од два милиони евра.

„Судот посебно утврди дека, имајќи ја во предвид сериозноста на недолично однесување и високата позиција на господинот Платини во највисоките тела во фудбалот и потребата да се врати угледот во спортот и на ФИФА, казната не е претерано висока“, стои во соопштението на судот.

Ова е петти пат да биде одбиена жалбата на Платини откако етичкиот и жалбениот комитет на ФИФА, Судот за спортска арбитража и Врховниот суд на Швајцарија потврдија дека казната за поранешниот претседател на УЕФА е во согласност со законите.

Обвинувањата на сметка на Платини кои се појавија во 2015 година ги урнаа неговите надежи дека ќе го наследи Сеп Блатер на челната позиција во ФИФА.

Платини исто така мора да и плати на ФИФА 60.000 швајцарски франци, доколку сака повторно да има функција во фудбалот откако ќе му истече казната.

Тој првично беше суспендиран на шест години, но Судот за спортска арбитража ја намали казната на четири години,така што суспензијата ќе истече во октомври оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот