Ристовски не беше дел од триумфот на Спортинг над Бенфика

EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не беше дел од тимот на Спортинг, кој со 1:0 ја совлада Бенфика во полуфиналето на Купот на Португалија.

Дисциплинската комисија реши да не ја прифати жалбата на Спортинг по црвениот картон на Македонецот на последниот меч со Чавес, иако на повторената снимка добро се гледа дека стартот на Ристовски е на топка.

Во таборот на Спортинг беа убедени дека жалбата ќе им вроди со плод, па Ристовски беше вклучен во листата од 19 фудбалери за дуелот со Бенфика, но нашиот десен бек овој натпревар го проследи од трибините.

– Суспензијата е потврдена… уште еднаш се потврдува дека некои работи не зависат од нас – порача македонскиот репрезентативец.

Сепак, Спортинг и без услугите на Ристовски успеа да го победи големиот ривал со голот на Бруно Фернандеш во 75. минута и обезбеди пласман во финалето каде што го чека уште еден голем конкурент Порто, кој пак беше подобар од Брага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот