Одбиена жалбата, „ЕЛ Чапо“ останува во затвор до крајот на животот

, Хоакин Гузман Лоера - „Ел Чапо“/ фото: EPA/MARIO GUZMAN

Лидерот на мексиканскиот картел Синалоа, Хоакин Гузман Лоера, попознат како „Ел Чапо“, останува во затвор откако неговата жалба во вторникот беше одбиена од Апелацискиот суд во САД.

Гузман во јули 2019 година беше осуден на доживотен затвор. Адвокатите на Гузман тврдеа дека неговата пресуда беше поништена минатиот октомври врз основа на наводите за пристрасност меѓу членовите на поротата.

Отфрлањето на жалбата од страна на Апелацискиот суд на САД значи дека Гузман до крајот на животот останува зад решетки.
Но, адвокатите на „Ел Чапо“, најавуваат дека можно да се жалат до Врховниот суд.

– Сигурен сум дека Гузман ќе побара ревизија на Врховниот суд “, изјави Ферних за Ројтерс.

Гузман во 2019 година беше осуден на доживотен затвор покрај 30-годишната казна што требаше да ја одлежи последователно и му беше наредено да плати 12,6 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот