Одбиена платформата за дијалог на лидерката на Хонг Конг – Слободен печат
ВестиПланета

Одбиена платформата за дијалог на лидерката на Хонг Конг

Членовите на Граѓанскиот фронт за човекови права се огласија откако Лем најави дека под итно ќе формира платформа за дијалог со граѓаните за да се надминат разликите и да завршат протестите.

Организаторите на протестите во Хонг Конг денеска решија да ја одбијат идејата на градската премиерка Кери Лам за создавање платформа за дијалог, сметајќи дека станува збор за замка која има за цел одолговлекување на состојбата и губење време.

Членовите на Граѓанскиот фронт за човекови права се огласија откако Лем најави дека под итно ќе формира платформа за дијалог со граѓаните за да се надминат разликите и да завршат протестите.

Вонг Јик-Мо од Граѓанскиот фронт за човекови права изјави дка Лем воопшто не одговара на барањата на протестното движење, кои вклучуваат „вистинска демократија” и независна истрага за бруталната употреба на сила од полицијата, пренесуваат американските медиуми.

-Не и веруваме на Кери Лем, не им веруваме на нејзините лаги, рече тој.

Џими Шам, друг член на форумот, порача дека доколку Лем сака дијалог, требало да дојде на нивните протести.

Граѓанскиот фронт за човекови права досега организираше неколку протести против владата, кои изминатите месеци повлекоа многу луѓе на улиците на Хонг Конг , додека многу други групи, кои  се приклучија на ова движење без лидери, организираа свои протестни настани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close