Непознати дронови нападнале воена база во Иран, Техеран тврди дека нападот е одбиен

Фото: mia.mk

Иран ноќеска одби напад со беспилотни летала на воена локација во Исфахан во централниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана.

„Нападот, кој не успеа, беше извршен со беспилотни летала на еден од комплексите со опрема на Министерството за одбрана”, се вели во соопштението и се додава дека во нападот нема жртви.

Властите не соопштуваат чии дронови ја нападнале воената база.

Како што јави новинската агенција ИРНА, причинета е мала материјална штета „на кров од зграда”.

Министерството соопшти дека системот за противвоздушна одбрана уништил едно беспилотно летало, а дека експлодирале уште две.

„Нападот што се случи во саботата околу 23:30 часот по локално време не предизвика никакво нарушување во работата на комплексот”, се додава во соопштението.

Официјален претставник на провинцијата Исфахан изјави дека истрагата за нападот е во тек.

Властите не соопштуваат детали за активностите во целниот објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот