Одбележување на Светскиот ден на водата

Светски ден на водите/Фото; МИА

По повод одбележување на Светскиот ден на водата и активноститите спроведени во таа насока во просториите на ЕУ Хаус со почеток во 11 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран едукативен видео материјал и постери, доставени како донација до сите училишта на територија на Град Скопје.

Според најавите свои обраќања на настанот ќе имаат министерот за животна средина Насер Нуредини, професор Милорад Јовановски од Градежниот факултет, директорот на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, Златко Перински, како и амбасадорките на Германија и Швајцарија во земјава, Анке Холштајн и Вероник Улман.

Во хотел „Александар Палас” денеска ќе се одржи презентација на Дигиталната водна книга, база на податоци за управување со водите, и на Методологијата за мониторинг на водните тела на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– Кој ги користи и загадува водите во Македонија? Јавна евиденција на водните дозволи ќе овозможи граѓаните да откриваат компании и претпријатија кои незаконски и без дозвола користат или испуштаат во вода или пак ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. На државните органи, пак, јавните податоци ќе им помогнат да ги санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите и да ја спречат деградацијата на водите. За реалната слика за водните ресурси, важен е и мониторингот кој треба да покаже каков е квалитетот и кванитетот на водите во реките и езерата и кои се загадувачките материи, истакнаа од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Настанот се организира по повод Светскиот ден на водата – 22 март, кој оваа година се одбележува под мотото „Подземни води – правење на невидливото видливо”.

Како што е најавено од ИКС, на настанот ќе говорат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, раководителката на Институтот за биологија при ПМФ – Скопје, Рената Ќуштеревска и Љупка Димоска Зајков од Секторот за води при МЖСПП.

Дигиталната водна книга и Методологијата за мониторинг на водните тела се изработени за потребите на МЖСПП во рамките на кампањата „Разбистри сè”, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот