Одбележување на денот на Првата пешадиска бригада

Денот на Првата пешадиска бригада
Ден на Првата пешадиска бригада / Фото: МИА

Првата пешадиска бригада го прославува втори април како Денот на единицата, кога по преземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, единицата е трансформирана во најголемата борбена единица во Армијата со застапеност од повеќе армиски родови.

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата пешадиска бригада.

Денот на единицата, како што е најавено, ќе се одбележи со прогласување на најдобрата единица од составот на бригадата, доделување стимулативни мерки и награди, свечено дефиле на единиците и тактичко технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага бригадата.

Во рамки на прославата е предвидено обраќање од командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски.

На свеченоста ќе присуствуваат, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во министерството за одбрана, Владимир Анчев, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, генерали од Армијата, поранешни команданти на единицата, воени раководители од генералштабот и министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот