Одбележување на 17 години од смртта: Пендаровски утре во посета на гробот на Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски, утре (26 февруари) ќе положи венци со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел” во Скопје.

Делегации на Кабинетот на Претседателот ќе положат свежо цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, БиХ и на гробот на еден од членовите на делегацијата во Велес.

Претседателот Борис Трајковски беше симбол за толеранција и неуморно се грижеше за државните интереси. Неговиот мандат го одбележаа воениот конфликт во Македонија во 2001 година, вклучително и последиците од Косовската војна во 1999 година. Успеа да ги “смири” меѓуетничките тензии и да вроди нов ден за македонската република.

EPA PHOTO/EPA/ANJA NIEDRINGHAUS

На голема жалост, граѓаните на Република Македонија утрото на 26 февруари се разбудија со информацијата дека исчезнал авионот со кој патуваше претседателот. По речиси дводневната неизвесна истрага, излезе траорната вест дека „Нема преживеани во авионската несреќа“. Со претседателот во авионот беа уште 8 луѓе, меѓу кои, Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советниците во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов и Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.

Борис Трајковски беше сосем непосреден и искрен со луѓето околу себе… и во него тлееше незаменлива дарба за комуникација, што му овозможи да стекне безброј пријатели, како на домашно, така и на странско тло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот