Одбележани 76 години од загинувањето на Кузман Јосифовски – Питу

Претставници на Сојузот на борци, здруженија на пензионери, политички партии и граѓански организации, денеска пред спомен обележјето во Козле одбележа 76 години од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

– Драго ми е што за делото на Кузман се изучува постојано. Затоа што патриотизам е да се сеќаваш и да го вреднуваш минатото, но и да одиш напред. Ако народните херои се бореле за наша слобода и независност, денеска, нашиот влог е во развивањето и напредокот на државата, а за нас денес тоа е Северна Македонија како членка на НАТО и на Европската унија и младина која добива шанса за просперитет тука, во сопствената држава. Тоа се генерациите кои ќе се карактеризираат со космополитски дух и отвореност, а нема да тонат во сиромаштија и популизам, рече Богоев.

Пред граѓаните говореше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа се осврна на животот на Кузман, кажувајќи дека иако живеел само 29 години, со својата мисија и делување, оставил аманет за многу сегашни и идни генерации.

Младите учат и го почитуваат ликот и делото на народниот херој. Потврда за ова беа литературните читања од

Ученици од реонското училиште „Владо Тасевски”, пак, преку читање стихотворби и раскази потсетија на вредностите за кои се залагал народниот херој: борбеност, слобода, и правда.

Во знак на сеќавање, делегации од сите институции и организации, положија цвеќе пред спомен обележјето на Кузман Јосифовски – Питу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот