Одбележани 18 години од загинувањето на Ѓоко Лазаревски во тетовски Лешок

Во тетовското село Лешок денес се одбележа 18-годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазаревски, кој го загуби животот во одбрана на родното место во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит кон залагањето на Лазаревски и давањето најголема жртва својот живот за родното село, беше оддадена со минута молчење, положување цвеќе пред споменикот на Ѓоко, како и подигнување на националното знаме од страна на неговиот син.

Лазаревски како резервен полициски службеник загина на свои 29 години и остави сопруга која го очекуваше раѓањето на нивниот единствен син.

Месното население од Лешок и блиските на Лазаревски организираа пригодно одбележување на годишнината.

– Човек еднаш се раѓа, а двапати умира кога физички заминува од овој свет, а вториот кога ќе го заборават, но Ѓоко вечно ќе живее во спомените на сите жители од Лешок како херој и пример како се брани семејстовто татковината и црквата, беше истакнато во пригодниот говор.

Покрај семејстовто и жителите на Лешок почит му оддадоа претставници на СВР Тетово, тетовската касарна, политички партии, организации и здруженија на граѓани и месните заедници од околните села. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот