Одбележани 15 години од смртта на Слободан Милошевиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во дворот на семејната куќа на некогашниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ се одбележани 15 години од неговата смрт. Венци на гробот положија претставници на СПС на чело со Никола Шаиновиќ, како и членови на Движењето на социјалистите, предводени од Александар Вулин.

– Еве нè пред споменикот на Слободан Милошевиќ, но негови главни споменици се Дејтонскиот договор и Резолуцијата 1244 кои претставуваат темел на кој Србија и Србите се борат за своите историски права, рече Шаиновиќ.

Тој напомена дека најголем дел од неговата делегација ја сочинуваат млади, трета генерација на партијата што ја основа Милошевиќ.

– Така се покажува главната особина на СПС, а тоа е траење, додаде Шаиновиќ.

Вулин истакна дека пријателите на Слободан Милошевиќ не беа ниту негови, ниту на Србија.

– Но, сите непријатели на Слободан Милошевиќ, беа искрени непријатели на Србија и тоа е непогрешливо, а историјата тоа ќе го потврди, кажа Вулин.

Одбележувањето на смртта на Милошевиќ и оваа година мина без неговите деца – синот Марко живее во Русија и ќерката Марија која е во Црна Гора.

Слободан Милошевиќ беше испорачан на Хашкиот трибунал на 28 јуни во 2001 година, каде и почина на 11 март во 2006 година. Три дена подоцна беше погребан во дворот во семејната куќа во Пожаревац, каде подоцна беше поставена и негова биста. Во април во 2019 година, крај неговиот гроб е закопана и урна со пепел на негопвата сопруга Мира Марковиќ која почина во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот