Одбележани 145 години од Разловечкото востание

Членовите на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) од Куманово почнаа со работилници за изработка на стратегијата за Локален економски социјален совет Куманово 2021-2025, информираа денеска надлежните. Стратегијата се изработува со поддршка на експертска јавност и треба да понуди соодветни решенија за економскиот развој на општината

– Стратегија на ЛЕСС на Општина Куманово ќе послужи како основа за креирање на локални политики во делот на: економија, бизнис опкружување и социјала. Генерално треба да понуди решенија за подобрување на социо-економскиот живот на кумановци, изјави Ахмет Јашаровски од Одделението за локален економски развој од општина Куманово.

ЛЕСС функционира како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од: Општина Куманово, Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, РСС Куманово, Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Куманово, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи, како и здруженија на граѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот