18 C
Скопје

Одбележан роденден: 75 години Драмски театар

Драмскиот театар во Скопје на 21 април го одбележа својот 75-ти роденден. Ковид-ситуацијата не дозволи прослава на роденденот, а порака за јубилејот испрати директорката Катарина Коцевска Хаџи Василева.

– За жал, не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката! Овој театар 75 години живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи. Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон и со љубов – истакна Коцевска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 78, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 април 2021)

Поврзани вести

Музичкото радио Канал 103 порачува: Не ја убивајте 103-ка, повторно!

Ивана Тасев

Блаже Конески е лингвопоетички знак на распознавање со светот

Тони Димков

Систематски археолошки истражувања почнаа на локалитетот Скупи

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 79 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Џез-перспективи: Основањето на „ЗЏМ Рекордс“ дојде сосема природно

Тони Димков

Поздрав од Скопје: Десет дизајнерски приказни од „Шизик на ризик“

Тони Димков

Остави Коментар