Одбележан Денот на ослободувањето на Скопје

Градот убав мора да продолжи да се развива во современа европска престолнина, да биде достојно место за живеење. Одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје е сеќавање на минатото, но носи и моќна порака за иднината. Да го направиме Скопје град за сите. Го отвараме градот за граѓаните, ги вклучуваме во процесите на одлучување и создаваме модел за долгорочен развој на градот, истакна вечерва градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Тој посочи дека во неговата визија, Скопје е просперитетен и отворен град, еднаков за сите. Со инфраструктура и градби адаптирани за потребите на граѓаните, град којшто се развива внимателно ама и рамномерно, град којшто обезбедува услуги за граѓаните, што го вбројуваат во европските метрополи и паметни градови.

Прочитајте и...  Санкционирани 478 лица за неносење заштитна маска

– Минативе две години докажавме дека се грижиме за нашето наследство од Народноослободителната борба, отворивме музеи и изложби, ги уредивме просторите и просторот околку запоставените спомен-обележја во градот, а соработка со Сојузот на борци е одлична. Длабоку сум убеден дека она што успеавме да го реализираме досега исполни барем мал дел од нашата обврска кон нашите ослободители. Чекор по чекор го враќаме Скопје на правиот пат. Патот на космополитизмот, солидарноста, хуманоста, патот на прогресот. За нас нема повеќе или помалку важни делови од градот, секој е важен, секој наш граѓанин секој наш Скопјанец е важен – нагласи Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје им додели награда „13 Ноември” на фотографката Ерина Богоева за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)”, на музичкиот педагог, истражувач и публицист Александар Трајковски за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар”, на Карате клубот Работнички – Скопје за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план, на Алили Бесир за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети, на учениците Ана Марија Атанасова за постигнати резултати во воннаставни активности и Стефан Стојковиќ за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот, Христина Спасевска за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, Жикица Ѓорѓиевски за за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик, на Дита Старова Ќереми за за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје, Фросина Зафировска за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и на Бисера Чадловска за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.

Прочитајте и...  ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО ИТАЛИЈА: Уапсени три лица за детска порнографија

Прочитај повеќе

Лагард: Пандемијата на коронавирусот длабоко ќе ја промени светската економија

Слободен печат

Филипче: Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана (ФОТО)

Слободен печат

Најнеизвесните избори досега: Хрватска денеска ќе гласа за новиот парламентарен состав

Слободен печат

СЗО ги прекинува испитувањата: Хидроксихлорокин не ја намалува смртноста од коронавирусот

Слободен печат

Партиите продолжуваат да ги презентираат изборните понуди на средби со граѓани

МИА агенција

СЗО: Рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени – Нови 212.326 случаи на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.611, Чаир со најмногу заразени

Слободен печат

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат