Од зонското паркирање на Водно собрани се 90.000 евра, Шилегов вети дека ќе ги инвестира во планината

Преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка и Амбасадата на Република Чешка поставени се патокази на планините Водно и Скопска Црна Црна Гора. 

Станува збор за 42 патокази на планинарските патеки на Водно, 12 патокази на велосипедската патека на Скопска Црна Гора, шест информативни табли на Водно (на патеките Словенска патека, Средно Водно, Македонско село – Г. Нерези, Матка (кајакарски мост), Врв Водно, Горно Соње), како и две информативни табли на планинско велосипедската патека (манастир. Св. Никита и манастир Св. Илија).

Патоказите денеска ги промовираа амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан и градоначалникот Петре Шилегов.

-На Водно реализиравме прва велопатека, во тек е постапка за изработка на уште две нови велопатеки со што Водно сериозно го ставаме на туристичката мапа на градот. Кога пред три години започнавме да го наплатуваме паркирањето на Средно Водно кажавме дека средствата од паркингот ќе и бидат вратени на планината, досега собравме 90.000 евра и тие средства ќе бидат вложени во подобрување на инфраструктурата на Водно, рече Шилегов.

Амбасадорот Томан нагласи дека Чешката амбасада секоја година избира проекти во кои ќе инвестира.

-Оваа година избравме да помогнеме во обележување на планините, преку поставување на патокази. Чешката република е позната по тоа што има голема застапеност наљ обележани патокази за пешаци, велосипедисти и скијачи. Мило ми е што и Градот се приклучи во овој проект. Македонија е прекрасна земја со убава природа, планини и езера, добро е што повеќе луѓе да ја видат убавината на земјата. Можеби токму со поставувањето на патоказите повеќе туристи ќе ја псетуваат, рече Чешкиот амбасарор Томан.

Симон Симоновски од Комисија за планинарски патеки при Федерација за планинарство рече дека на Водно се мапирани 12 патеки со ЏПС записи кои се поставени на веб стараната на Комисијата за планинарскио патеки.

-На Водно се мапирани 12 патеки со ЏПС записи кои се поставени на веб стараната на Комисијата за планинарски патеки. Станува збор за 40 километри мапирани патеки. Целта е со поставувањето на патоказите да поставиме стандард кој досега го немавме, а тоа е да се унифицираат сите патокази во Македонија со што би обезбедиле безбедно движење на сите рекреативци и планинари, рече Симоновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот