Од земјава извезени близу 16 тони опасен отпад од АД „Охис“ - Слободен печат

Од земјава извезени близу 16 тони опасен отпад од АД „Охис“

Оттаму посочуваат дека вкупната нето количина на хемикалијата во бурињата изнесувала 15.800 килограми од кои 15.120 килограми се отпаден метанол, а 680 килограми отпаден акрилонитрил.

Според податоците добиени од „Екоцентар 97″ ДООЕЛ Скопје, на 14 јануари годинава се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи” од АД „Охис” Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак четири буриња со акрилонитрил, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Оттаму посочуваат дека вкупната нето количина на хемикалијата во бурињата изнесувала 15.800 килограми од кои 15.120 килограми се отпаден метанол, а 680 килограми отпаден акрилонитрил.

– Нотификацијата од овој извоз е заверена на вкупна бруто количина вклучувајќи ги и палетите и пакувањето/бурињата со вкупен износ од 16.700 килограми. Истата е заверена од компанијата „Валорец Сервисес” АГ од Базел (Valorec Services AG Basel) на 21 јануари годинава кога камионот е пристигнат и истоварен, информира Министерството.

Прочитајте и...  ОАЕ дозволија да почне со работа првата нуклеарна централа во арапскиот свет

Од страна на Државниот инспекторат за животна средина во саботата, на 25 јануари, како што соопшти МЖСПП, е извршен вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, при што е констатирано дека од страна на фирмата „Екоцентар” од Скопје е направена припрема и утовар и на втора тура историски отпадни хемикалии кои се извезуваат надвор од границите на државата.

Истата, додаваат во соопштението, на 27 јануари е излезена од државата и патува за Базел. Со втората пратка се извезени 88 буриња со нето тежина 15.441 килограми метанол.

Прочитај повеќе

Недостатокот на работна сила претставува главоболка за 60 отсто од компаниите

Се очекуваат поповолни состојби во преработувачката индустрија и зголемување на бројот на вработени

МИА

ХАКЕРИТЕ ЈА КОРИСТАТ ПАНИКАТА: Дигитален „коронавирус“ краде податоци од корисници на интернет

Слободен печат

Бабовски: Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда

Слободен печат

Делчев: Во полицијата веќе не знаеме кои решенија како завршиле и до каде имаат дојдено

Слободен печат

Грчката полиција ја истражува смртта на бебе од Сирија со знаци на сексуална злоупотреба

МИА Агенција

Остави Коментар

5 × оне =

Прочитај повеќе

Македонската државјанка која беше во карантин во Франција не е заразена од коронавирус

Слободен печат

Корзото во Ѓорче Петров ќе биде готово во март

Слободен печат

Ќерката на Македонецот кој си ја уби сопругата во Австралија продолжува да го поддржува својот татко

Слободен печат

Француските медиуми ги оценуваат предвремените парламентарни избори како голем тест за проевропската политика на Заев

Слободен печат

Парламентарните избори низ историјата: Бојкоти, нерегуларности, убиства, напади (ИНФОГРАФИК)

Ана Анастасовска

Репортери без граници со петиција го поддржуваат Асанж

МИА Агенција