Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Белоруската опозиционерка Колесникова итно префрлена во болница, ѝ се слошило во затвор

Белоруската опозициска лидерка Марија Колесникова од затвор е префрлена на интензивна нега во болница во градот Гомел, пренесуваат странските агенции.
Белорускиот опозициски политичар Виктор Бабарико на Телеграм објави дека Колесникова, една од најистакнатите противници на претседателот Александар Лукашенко, вчера од непознати причини е префрлена во болница.
Лидерката на белоруската опозиција Свјатлана Циханускаја на Телеграм напиша:
„Ужасни вести. Драга наша Маша, сите се надеваме дека ќе бидеш добро!”
Минатата година, Калесникава беше осудена на 11 години затвор, откако беше обвинета за „заговор за преземање на власта, поттикнување акции за поткопување на националната безбедност и поттикнување дејствија кои ѝ штетат на националната безбедност преку употреба на медиумите и интернетот“.
Таа беше една од трите жени кои се обединија во 2020 година за да го предводат востанието во кое десетици илјади белоруски жени излегоа на улиците во најголемите протести во модерната историја на земјата.
Колесникова беше уапсена и одведена на граница, каде и било кажано да ја напушти земјата. Наместо тоа, таа наводно го скинала пасошот, ризикувајќи затвор наместо заминување во егзил
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5