Од вториот шешир ги чекаме ривалите на ЕУРО 2020! - Слободен печат

Од вториот шешир ги чекаме ривалите на ЕУРО 2020!

Македонската репрезентација со триумф во Струмица над Грција го обезбеди врвот во квалификациската група за привилегија во ждрепката, односно извлекувањето на групите за континенталниот собир кој што ќе се организира од 9-26 јануари 2020 година.

Ќе има шест групи по четири репрезентации во Грац, Виена, Трондхајм (две групи), Малме и Гетеборг. Првопласираните две од секоја група од прелиминарната фаза ќе се најдат во главната рунда.

Познато е веќе каде ќе играат домаќините, Австрија во Виена, Норвешка во Трондхајм, а Шведска во Гетеборг. Уште три селекции знаат во која група ќе се најдат, Хрватска во Грац, Германија во Трондхајм, а Данска во Малме.

Прочитајте и...  Ѓоковиќ заплака кога зборуваше за Коби: Ми беше ментор и пријател (ВИДЕО)

Секако за нас „најдобро“ место би било во Австрија каде што и е најголема шансата да имаме што поголем број на навивачи на трибините.

Ако играме во Грац дефинитивно ривал ни е Хрватска, а ако ждрепката одлучи во Виена, тогаш силите ќе ги одмериме со Австријците.

Принтскрин/eurohandball.com

Нема да играме во Норвешка, но секако можно е да стартуваме во еден од шведските градови, Малме и Гетеборг.

Се наоѓаме во вториот шешир заедно со Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија и овие селекции не можат да ни бидат противници во прелиминарната групна фаза.

Прв шешир: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка

Втор шешир: Норвешка, Словенија, Германија, Македонија, Унгарија, Белорусија

Трет шешир: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Летонија

Прочитајте и...  „Засекогаш Коби“: Бура од емоции на „Сан Сиро“! (ФОТО+ВИДЕО)

Четврти шешир: Полска, Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Холандија

Ждрепката за групите на ЕУРО 2020 ќе се одржи на 28 јуни (петок, 18:45 часот) во Виена, Австрија.

Прочитај повеќе

„Засекогаш Коби“: Бура од емоции на „Сан Сиро“! (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Бруно Фернандеш доаѓа во Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Слободен печат

Димитријевиќ блеска во Еврокупот, асистира без гледање! (ВИДЕО)

Слободен печат

И Италијанците се чудат, каде си Несторовски?

Слободен печат

Солскјер потврди: Алексис се враќа во Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пораката на Ѓоковиќ што ја напиша на камерата во чест на Брајант! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

12 + thirteen =

Прочитај повеќе

Глишиќ ќе ги брани боите на Шкупи! (ФОТО)

Слободен печат

Скандинавците „хит“ во зимскиот преоден рок 2020! (ФОТО)

Слободен печат

Елмас добива нова конкуренција: Наполи го потпиша Политано

Слободен печат

Ѓоковиќ заплака кога зборуваше за Коби: Ми беше ментор и пријател (ВИДЕО)

Слободен печат

„Најки“ ги повлече производите со името на Брајант

Слободен печат

Ериксен и официјално нов фудбалер на Интер

Слободен печат