Од вселената се гледа чадот од пожарот во Амазонија (ВИДЕО)

Бројните пожари кои ја зафатија Амазонија како последица на сечата на шуми, во однос на минатата година пораснал за цели 83%, информира Бразилската вселенска агенција. НАСА пак, објави снимка од вселената каде што може да се забележи чадот од пожарите. Бројот на овогодишни пожари може да биде рекорден во оваа област.

Густиот дим го покрил градот Сао Паоло, каде што сред бел ден владееле потполна темница речиси повеќе од еден час. Најголемата прашума Амазонија која е клучна во битката за глобалното затоплување, гори веќе две недели.

Се заканува и еколошка катастрофа по објавувањето на неколку снимки на умрени животни како последица на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот