Oд воведувањето на рестрикциите, криминалот во Јужна Африка опадна за 40 проценти

Криминалот во Јужна Африка се намали за 40 проценти во првите три месеци од воведувањето рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, покажуваат официјалните податоци.

Министерот за полиција Беки Селе изјави дека имало помалку кривични дела меѓу април и јуни, вклучително и сексуални напади и подметнување пожар, јави Би Би Си.

Тој рече дека контроверзната забрана за алкохол за време на рестриктивните мерки е корисна, но затоа имало повеќе напади врз продавниците.

Јужна Африка има една од највисоките стапки на криминал во светот.

Повеќе од половина од случаите на Ковид- 19 во Африка се регистрирани во Јужна Африка, но набљудувачите велат дека можно тоа да е случај бидејќи земјата има поефикасен систем за тестирање од другите држави на континентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот