Од вкупниот број на склучени договори со ЈП ПОЦ, 15 проценти се издадени по електронски пат

Една година по целосната дигитализација на ЈП Паркинзи на Општина Центар преку веб платформата www.poc.mk повеќе од 6000 регистрирани корисници ги користат услугите на претпријатието по електронски пат.

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски истакна дека досега, 15 проценти од вкупниот број склучени договори со ова јавно претпријатие се издадени по електронски пат.

– Оваа бројка ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во најновите светски технолошки трендови во паркинг индустријата со цел да им овозможиме на жителите на Општина Центар и на останатите корисници брзо, лесно и едноставно користење на нашите услуги, рече Кичевски.

Тој истакна дека ЈП ПОЦ неодамна ја пушти во употреба и новата верзија на мобилната апликација со која сите услуги на претпријатието станаа достапни и на мобилните телефони.

– Новата верзија на апликацијата нуди и дополнителни можности за користење на услугите: безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната; електронско плаќање паркинг со платежна картичка; склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите; најавување на гостински регистрации преку М-картата; пријавување на комунални проблеми на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија; eлектронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет, други типови на билети; и многу други поволности. Мобилната апликација овозможува лоцирање на возилото во која зона се наоѓа. Потоа ќе може веднаш безбедно да се плати паркирањето со платежна картичка без да се внесуваат податоците за зоната, што досега создаваше проблеми бидејќи имавме случаи кога се внесуваше погрешна зона, вели Кичевски.

Информира дека сите жители на Општина Центар кои ќе ја симнат новата верзија на мобилната апликација, ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата, а граѓаните од останатите општини ќе добијат два часа бесплатен паркинг на паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот