Од Велика Британија во Албанија трансферирани 23 осуденици за тешки кривични дела

Апсење/Фото: МИА

Со посебен авионски лет од Велика Британија синоќа се трансферирани во Тирана 23 албански осуденици, во согласност со договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници.

Меѓу нив најмногу се лица осудени за шверц со дрога, останатите се за киднапирање, силување и еден за педофилија. Само еден е без дозвола за престој во Велика Британија.

– Овие лица се одговорни за повеќе грозоморни злосторства, вклучувајќи силувања, насилен криминал и сериозни прекршоци со дрога. Тие ги прекршија нашите закони и вредности и ги оставија своите жртви да живеат со рани од  злосторствата што им ги н правија. Нашата Влада ќе ги искористи сите  расположливи средства за да ги депортира странските државјани кои извршиле кривични дела против нашите граѓани, изјави министерка на британското министерство за внатрешни работи Прити Пател.

Тоа е втора група  по онаа од минатиот месец кога беа трансферирани 190 албански државјани, осудени за разни кривични дела во Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот