Од вечерва Македонија ќе гледа сведоштва од прва рака за крвавиот 27 април (ВИДЕО)

Најавени се ексклузивни снимки, фотографии и емоции од денот кој беше закана за безбедноста на државата.

На телевизијата Вис започнува серијал од четири епизоди за настаните на крвавиот 27 април. Од медиумот најавуваат сведоштва од прво лице за овие настани, на луѓе кои директно биле сведоци или нападнати во Собранието.

Многумина кои беа присутни, жртви и сведоци на крвавиот четврток во прво лице ќе откријат како им било на оние што се соочија со нападите, за што размислуваа, дали јавноста забележа што точно се случуваше во Собранието…

Најавени се ексклузивни снимки, фотографии и емоции од денот кој беше закана за безбедноста на државата.

Секој петок на ТВ Вис ќе се емитува по една епизода, а старотот на првата епизодата е вечерва на телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот