Од Вардар извадени 50 автомобилски гуми

Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев” во центарот на Скопје.

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре” во соработка со нуркачи од „Акватек” од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело” од Скопје, „Тласа” од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011″.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.

Граѓанската иницијатива  редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот