Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка

Виена, Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Од денеска се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто.

Во видео обраќање на Фејсбук тој кажа дека шефовите на дипломатиите на другите три земји во телефонски разговор се согласиле границите да се отворат утринава во 8 часот, пренесе агенцијата МТИ.

„На граѓаните ќе им биде дозволено да ги минат границите без негативен тест за коронавирусот и без задолжителниот карантин”, прецизира Сијарто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот