Од утре жичницата на Водно ќе работи до 17 часот
Од утре почнува зимското работно време на жичарницата на Водно. Како што соопшти ЈСП – Скопје, Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.
Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно од горе надолу во 16.45 часот.
Овој режим на работа ќе важи до 1 март.
-Неработни денови на Жичарницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот, потсетува ЈСП.
Од утре ќе биде изменет и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата на јавното претпријатие. Возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.
ЈСП наведува и дека во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, 1 ноември, и задутре, сабота, на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.