Од утре задолжителен карантин за странците што ќе дојдат во Германија

Фото: Архива

Од утре во Германија стапува на сила задолжителен карантин за лицата кои ќе дојдат од странство.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство мора да бидат во двонеделен карантин.

Во случај на непочитување на мерката следи казна од 150 до 25.000 евра.

Сојузната држава и покраините договорија регулатива со која се предвидени единствени мерки.

„Овие мерки се наменети со цел да го прекинат синџирот на инфекција во прекуграничниот сообраќај и со тоа да се спречи натамошно ширење на вирусот”, се наведува во соопштението на  Министерството.

Од задолжителниот карантин се изземени прекуграничните работници, лицата кои биле на службен пат, како и возачите на камиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот