Од утре забрана за пушење во црногорските јавни места – КАЗНИ до 20.000 евра

Црногорскиот Закон за ограничувања на употребата на производи од тутун, според кој ќе се забрани пушење во затворен простор, влегува во сила во среда и секој што ќе ги прекрши одредбите на законот, ризикува да плати казна до 20.000 евра.

Законот, со кој се забранува употреба на производи од тутун во јавни затворени простории, освен во казина, беше одобрен едногласно во парламентот на 31 јули, пренесува РТЦГ.

Со донесувањето на новиот Закон за ограничување на употребата на производи од тутун, Законот за такси ќе престане да важи и веќе нема да може да се плаќаат такси за да се овозможи пушење во некој дел од објектот.

Новиот закон не дозволува пушење во која било просторија или област каде што се консумираат храна и пијалаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот