Од утре во Србија пријавување за додатни 20 евра помош

Белград/ Фото: МИА

Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, најави дека од утре, понеделник, 15 ноември, почнува пријавувањето на граѓаните за 20 евра дополнителна финансиска поддршка од државата, на порталот на Управата на трезорот и нагласи дека за таа помош не треба да се пријават сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Граѓаните кои во мај поднеле барање за парична помош во износ од двапати по 30 евра, како и корисниците на пензија, примателите на парична социјална помош и лицата во Заводот за извршување на кривични санкции, не треба да поднесат барање за дополнителна државна помош од 20 евра, која автоматски ќе им биде исплатена во декември, изјави Синиша Мали и потсети дека за само три дена во ноември биле исплатени над 5,7 милиони граѓани кои добиле по 30 евра.

Во соопштението на министерството за финансии, Мали нагласи дека и други полнолетни српски државјани со престој на територијата на Република Србија и валидна лична карта, кои претходно не поднеле барање, а сакаат да добијат дополнителна парична помош во износ од 20 евра во динарска противвредност, како како и оние кои во меѓувреме се стекнале со право на помош, без разлика дали станале полнолетни или се стекнале со државјанство, живеалиште и лична карта, може да се пријават на порталот на Управата на трезорот во периодот од 15 до 30 ноември.

Мали истакна дека оваа мерка за поддршка е продолжување на континуираната поддршка на граѓаните со цел намалување на последиците од пандемијата на корона вирусот, што се доделува во рамки на третиот пакет поддршка за стопанството и граѓаните на Србија.

Потсетувајќи дека минатата година беа спроведени уште два пакета за поддршка на економијата и граѓаните на Србија, министерот за финансии рече дека сите три пакети се во вкупна вредност од осум милијарди евра и додаде дека тие пакети ја спасиле српската економија и помогнале да се зачува животниот стандард на српските граѓани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот