Од утре влажен бран, пообилни врнежи на запад, а на повисоките места снег

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од ноќеска на пониските места на северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините на северот повремено ќе врне снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Утре преку ноќта и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира понекаде и на повисоките места, соопшти УХМР.

Пообилни врнежи над 25 литри на квадратен метар, како што најавува УХМР, ќе има во западниот дел од земјава особено во вторник во вечерните часови и во среда претпладне кога ќе почне да дува повремено силен северозападен ветер со брзина од над 65 километри на час.

Потоа, како што велат од УХМР,  следува период на стабилно и се потопло време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот