Од утре уште постудено, на планините снег

Од утре и во почетокот на следната недела не очекува значително намалување на температурите. Според УХМР ќе има пад на температурите за 5 до 8 степени.

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток температурите ќе опаднат за 5 до 8 степени во однос  на сегашните, а облачноста ќе се зголемува  и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава  и на првата снежна покривка за оваа сезона.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Наутро, особено утре (недела), како и во понеделник температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.

Што се однесува до максимални дневни температури, утре (недела), како и во почетокот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот