Од утре почнува исплатата на мајските пензии

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од утре започнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички. И овој пат пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.05.2021 година (среда), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 година (четврток), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.05.2021 година (петок) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).

Пензионерите, пак, кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од утре, 26-ти мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот