Од утре почнува грејната сезона

Парно греење / Фото: Архива на Слободен печат

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, којашто се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги на Република Северна Македонија – РКЕ.

Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите .

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15-ти октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

Видео на денот